Реакции: Русија ќе размисли дали ќе им дозволи на спортистите да настапуваат на ЗОИ 2018

olimpiski-igri-ilustracija

Скандалот со исклучувањето на руските спортисти од олимписките игри почна да ја „тресе“ јавноста уште со првите суспензии за игрите во Рио де Жанеиро, но второто полувреме и забраната за настап на спортистите од оваа земја на ЗОИ 2018 го продлабочи јазот меѓу двете страни.

Интернационалниот олимписки комитет ја товари Русија за допинг на спортистите кога биле организатори на ЗОИ 2014 во Сочи, при што нивните учесници не биле достапни за анти допинг тестовите.

Томас Бах од позиција на прв човек во ИОК ги негираше шпекулаците дека исклучувањето на Русија од ЗОИ 2018 е политичка одлука.

– Политичките лидери низ целиот свет и нашите спонзори разбираат добро дека ИОК е неутрална организација. Ние не би дозволиле да бидеме под влијание на политиката, кога донесуваме одлуки во врска со спортот. За нас неутралноста е од клучно значење, изјави Бах.

ЗОИ 2018 треба да се одржат во Пјонгчан, Јужна Кореја од 5 до 25 февруари, а спортистите од Русија ќе можат да се натпреваруваат под олимпиското знаме.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков, изјави дека на руските спортисти ќе им треба време за да разгледаат дали ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Пјончанг. Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека би било понижувачко спортистите на таа земја да се натпреваруваат без националните симболи.

Facebook Коментари