Поврзете се со нас

Германија

РБ Лајпциг веќе има фаворит за наследник на тренерот Розе

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Бундеслигашот РБ Лајпциг не ги постигнува посакуваните резултати, па и тренерот Марко Розе ризикува отказ во финишот на календарската 2024 година.

Раководството веќе најави дека не планира да го отпушти Розе пред натпреварот во германскиот Куп, но евентуален неуспех на тој или некој следен натпревар, може да донесе и тренерска смена.

Германски „Скај“ тврди дека главен фаворит за нов тренер на РБ Лајпциг е Роџер Шмит, германскиот стручњак кој последно работеше во Бенфика, пред да биде отпуштен од португалскиот состав во август.

Шмит има доволно искуство, како и солидни резултати во Лигата на шампионите, реноме кое му дава право да се надева дека ќе ја добие довербата од „биковите“. 57-годишниот Германец веќе имаше соработка со Ред Бул, бидејќи успешно го водеше Салцбург меѓу 2012 и 2014 година.

По дебаклот против Волфзбург во првенството, нов неуспех, овојпат во Купот би можел да биде и негов последен натпревар на клупата на тимот во кој настапува и нашиот Елиф Елмас.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни