Поврзете се со нас

Германија

РБ Лајпциг реши да се раздели со досегашниот тренер

Објавено

на

Раководството на бундеслигашот РБ Лајпциг денеска го отпушти тренерот Џеси Марш.

Американскиот стручњак заминува по само пет месеци на тренерската функција во редовите на германската екипа, која во петокот загуби од Унион Берлин.

Марш не ја водеше екипата на последните средби поради позитивен ковид тест, а неговите фудбалери не успеаја да го подигнат нивото и да го спасат од проблематичната позиција.

Двете страни имале разговор во кој било донесено решение дека е најдобро да биде прекината соработката, а неговиот досегашен прв помошник ќе ја води екипата против Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

РБ Лајпциг забележа три порази по ред во Бундеслигата и има 16 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни