Поврзете се со нас

Германија

РБ Лајпциг промени еден од главните спонзори, Елмас и соиграчите ќе носат „Пума“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RBLeipzig

Бундеслигашот РБ Лајпциг денеска официјално го претстави новиот спонзорски договор кој ќе важи од 1. јули, а е потпишан со компанијата за производство на спортска опрема „Пума“.

Нашиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи ќе носат опрема на тренинзите и натпреварите со логото на „Пума“, а оваа компанија ќе се грижи за опремата и за сите други тимови и младински категории на РБ Лајпциг.

Сезонава бундеслигашот ја одработува последната година од десетгодишниот договор со „Најк“, па донесена е одлука да се прифати соработка со друга компанија, која во случајов е „Пума“.

Според германски „Скај“, за неколкуте наредни години, клубот ќе заработи 100 милиони евра од овој договор.

РБ Лајпциг во моментов е на петтото место на табелата во Бундеслигата и има само бод заостанување зад Борусија Дортмунд, еден од ривалите за место во Топ 4 друштвото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни