РБ Лајпциг го победи Баерн и ја прекина долгата серија на Баварците (Видео)

lajpcig-keita

Баерн Минхен имаше водство на гостувањето кај Ред Бул Лајпциг, но во продолжение домаќините направија целосен пресврт и ја прекинаа долгата серија без пораз на актуелниот првак.

Вагнер во 12. минута го отвори резултатот, но до крајот на полувремето Кеита израмни, а во вториот дел му асистираше на Вернер кој ги постави конечните 2:1. Тоа значеше крај на серијата на Баерн од 18 средби без пораз во сите натпреварувања, додека Лајпциг ја прекина својата серија без триумф во Бундеслигата.

Facebook Коментари