Разрешена мистеријата со среќен крај : Пронајдена исчезнатата олимписка надеж на Србија

Mackovic1

Шокантна вест која беше за брзо време разрешена, ја потресе спортската јавност во Србија и Европа. Никој не знаеше каде е поранешниот светски шампион во веслање, Мартин Мачковиќ кој дури беше пријавен за исчезнат.

Неговото семејство започна со потрага и излезе во јавноста со молба да биде пријавено ако некој го видел нивниот син.

Во известувањето беше наведено дека Мартин Мачковиќ од средата бил со неговите тимски другари во Берлин кај негов другар, исто така веслач меѓутоа во саботата наутро тој се спакувал, го избришал профилот на Фејсбук, го искршил мобилниот телефон и исчезнал. Веста била потврдена и од страна на Томислав Звекановиќ, претседател на веслачкиот клуб “Палиќ”.

Но, благодарение на полицијата и неговите пријатели, тој беше пронајден и во моментов се наоѓа во болница во Берлин. Неговата мајка Марта Мачковиќ се уште не ја знае причината како нејзиниот син завршил во болница, но сепак истакнува дека е пресреќна и неговото семејство го очекува да се врати во Србија после испитувањата кои му ги прават во болницата во Берлин. Неговата мајка уште дополнува дека денот пред да исчезне се било нормално и дури се допишувале заедно со синот на социјалните мрежи.

Мачковиќ пред неколку недели го освои бронзениот медал на Светското првенство за помлади сениори со Виктор Пивац.

Претходно, тој беше светски шампион во оваа дисциплина, а во Србија, медиумите пишуваат дека тој е една од најголемите спортски надежи за освојување медал на Олимписките игри во Токио во 2020 година.

 

Facebook Коментари