Разрешена е уште една дилема: Познат е новиот клуб на Горецка!

gorecka

Уште една фудбалско прашање и дилема е разрешена и тоа околу иднината на одличниот германски репрезентативец Леон Горецка.

На него по крајот на актуелнава сезонона му истекуваше договорот со Шалке, бундеслигашот сакаше да го задржи и му понуди одлични услови за да го задржи во Гелзенкирхен, но таа битка ја загуби и од денеска е познато кој е новиот клуб на 22-годишниот Леон.

Иако во трката за него беа вклучени Барселона, Јувентус, Ливерпул, Реал Мадрид изборот него е Баерн Минхен. Овој потег и не е некое изненадување со оглед на тоа што неколку медиуми пред одредено време пишуваат оти тој ќе заврши на „Алијанц Арена“.

-Горецка на почетокот на неделата ни кажа дека сака да си замине и да му се приклучи на Баерн Минхен. Ние жално ја прифативме одлуката. Карл Хајнц Румениге не извести дека Леон вчера ги поминал медицинските тестови, -истакна спортскиот директор на Шалке, Кристијан Хејдел.

Баерн кој нема да плати ниту денар за оваа зделка исто го потврди договорот со Горецка кој е со важност од четири сезони до 30 јуни 2022 година.

Facebook Коментари