Поврзете се со нас

Свет

Разочарување за локалните фанови: Пропадна турнејата на Меси и Интер Мајами во Кина

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси требаше да биде во центарот на вниманието при гостувањето на неговиот тим Интер Мајами во Кина, но МЛС клубот објави дека планираните натпревари се откажани.

Американците не пренесоа детали за причините за ваквиот развој на настаните, но јасно е дека ова ќе биде големо разочарување за фановите кои требаше да ги исполнат стадионите за предвидените две средби.

Се очекуваа по 100.000 фанови на дуелите на 5 и 8. ноември, но локалниот промотер и организатор го известил Интер Мајами дека гостувањето мора да биде откажано.

Засега не е јасно што се случило, а организаторите го објасниле потегот со „соодветни случувања во земјата“, при што ќе им бидат вратени и парите на сите оние кои си обезбедиле билет.

Меси завчера ја освои осмата „Златна топка“ и ова ќе му беа првите макар и ревијални натпревари по уште едно освоено престижно признание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни