Поврзете се со нас

Шпанија

Разочарниот Куртоа им се обрати на фановите на Реал по новиот неочекуван шок (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Угледните шпански медиуми пренесоа дека Тибо Куртоа со солзи во очите го завршил вчерашниот тренинг на Реал Мадрид, бидејќи голманот на „кралскиот клуб“ помислил дека повторно ќе мине низ најлошото можно сценарио.

Повредата на другото колено го скаменило Куртоа и не можел да ги крие емоциите додека го напуштал теренот, но среќа во несреќа е тоа што не станува збор за сериозна повреда како на левото колено.

Белгиецот го скина предниот вкрстен лигамент и беше во аут седум месеци, па во ситуација кога требаше да се врати по крајот на претстојната репрезентативна пауза, заработи нова повреда.

Куртоа го скинал менискусот на десното колено и со тоа сезоната за него и дефинитивно е завршена, а бидејќи голманот доби илјадници пораки за безрезервна поддршка, самиот тој реши да им возврати на колегите и фановите.

– Ви благодарам на сите за вашите пораки. Тажно е што повредата ме тера да направам мал чекор назад, но тоа истовремено ќе ме натера да се вратам многу посилен. Вашата поддршка прави да се чувствувам многу подобри во овие тешки моменти, – порача Куртоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни