Поврзете се со нас

АТП

Разочараниот Зверев: Се надевам еден ден ќе го освојам овој трофеј

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Александер Зверев не успеа да дојде до најголемиот резултат на грен слем турнирите или поточно падна на последниот испит на Ролан Гарос каде подобар од него беше Карлос Алкарас.

Шпанецот го доби маратонот во пет сета, маратонот кој траеше повеќе од четири часа со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 што дефинитивно беше разочарување за Зверев за кого ова беше втора пропуштена шанса за пехар на грен слем сцената.

-Прво честитки Карлос. Трет грен слем, имаш 21 година. Тоа е неверојатен резултат. Три грен слемови на три различни подлоги. Фантастичен играч, веќе многу постигна. Тимот на Алкарас, завршивте одлична работа. Пресреќен сум поради вас, не поради денеска, туку генерално. На мојот тим, по таа повреда, се надевам дека еден ден ќе го кренеме овој трофеј.

-Исто така, би сакал да им се заблагодарам на сите што работат во организацијата. Тука е еден од најдобрите директори кога се во прашање грен слемовите. Знам дека е предизвик, но ти даде се од себе. Ви благодариме за вашата одлична работа. Секако, благодарност до публиката за фантастични две недели. Беше одлично, атмосферата беше неверојатна. Обожавам да играм на овој терен, ми е еден од омилените. Дефинитивно ќе се вратам следната година, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни