Поврзете се со нас

Англија

Разочараниот Тери со јасна порака до клубот по разделбата со Покетино: Се надевам дека….

Објавено

на

Foto:twitter.com/JohnTerry26

Маурисио Покетино издржа само една сезона во Челси и пред два дена се раздели со клубот кој минува низ навистина специфичен период под водство на Тод Боли, бидејќи американскиот бизнисмен уште еднаш покажа дека нема многу трпение за тренерите.

Покетино е третиот тренер кој заработува отказ по Томас Тухел и Грем Потер, но легендите се најмногу разочарани од овој потег поради фактот што Аргентинецот навистина направи една транзиција во самата завршница од сезоната, кога се доби впечаток дека Челси навистина почна да игра добар фудбал.

Последните натпревари за многумина значеа добра увертира за наредната сезона, па иако никој не очекуваше разделба, завчера стана јасно дека клубот одново е во потрага по нов менаџер.

Легендарните фудаблери ги користат англиските медиуми за да го искажат незадоволството, а Џон Тери се огласи на социјалните мрежи и испорача една јасна порака до клубот.

– Уништен сум што гледам дека Покетино си заминува. Се надевам дека нема да купиме или продадеме играчи се додека не донесеме нов менаџер, – порача Тери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни