Поврзете се со нас

Европски првенства

Разочараниот Тадиќ: Го гледам Модриќ во Хрватска…

Објавено

на

Србија не успеа да ја совлада Данска и на тој начин го заврши настапот на 17. Европско првенство на кое домаќин е Германија.

Србите постигнаа само еден гол на трите средби, загубија само еднаш од Англија, а тоа во случајов не беше доволно за пласман во нокат фазата.

Има доста критики, допрва ќе има и подетални анализи, а меѓу оние кои први добија можснот да зборуваат беше капитенот Душан Тадиќ кој уште на првиот меч со Англија се најде во центарот на вниманието.

-Не почнав против Англија од самиот почеток. Ми беше крило, но јас сум неважен. На полувремето велат ти и Илиќ ќе влезете во игра, давам пол гас и тогаш баш кога требаше да влезам ми велат дека само Илиќ влегува, а јас да одморам. Не знам, природно е дека ќе се чувствуваш повреден. Не сакав никого да навредам, тоа го мислам и не мислам дека е лошо. Можеби некому тоа звучи арогантно, но јас само сакав да преземам одговорност и да дадам пример за некого. Не ми беше цел да им кажам нешто на другите. Другите се таму да зборувата, -рече Тадиќ и продолжи.

-Колку е ова тешко. Само секунда, извинете. Па, еве, ајде. Мислам дека заслужив подобар третман за да можам да дадам повеќе за тимот бидејќи сум тимски играч и сакам да му помогнам на тимот. Не сум важен во оваа приказна, важно е што ќе донесете на терен. Да играв повеќе, мислам дека ќе можев да дадам повеќе. Тоа е одлуката. Го гледам Модриќ во Хрватска, тој е три години постар од мене и речиси на секој натпревар е на теренот, без разлика каква е ситуацијата. Тука сум, ќе играм онолку колку што треба да играм и колку што ќе ми кажат, -порача членот на Фенербахче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни