Поврзете се со нас

Свет

Разочараниот Сон и се извини на цела нација по шокот во полуфиналето: Многу ми е жал

Објавено

на

Foto:twitter.com/theKFA

Јужна Кореја на актуелниот азиски Куп бркаше прекинување на една црна серија која трае повеќе од 60 години, но фудбалерите и навивачите на оваа репрезентација ќе мора да почекаат уште некое време за да се наречат континентални шампиони.

Јордан денеска режираше голема сезнација и за првпат во својата историја се пласираше во финалето на азискиот Куп, елиминирајќи го апсолутниот фаворит за титулата во натпревар кој заврши 2:0.

Јужна Кореја доживеа шокантен пораз и ова се смета за големо разочарување во фудбалска Азија, а најголемата ѕвезда на тимот не можела да пронајде зборови со кои најдобри би се извинил на цела нација.

Сон беше видно огорчен и потиштен по последниот судиски свиреж и беше тешен од селекторот Јирген Клинсман, но како капитен на тимот, морал да даде и изјава.

– Навистина не знам што да кажам. Навистина ми е многу жал. Играчите дадоа се од себе. Многу ми е жал што грешките придонесоа да видиме ваков резултат. Фановите ни дадоа голема поддршка, жалам што не возвративме како што треба. Ќе дадам се од себе, ќе бидам уште поупорерн за да успеам со националниот тим во иднина. Уште една, многу ми е жал и се извинувам, – изјавил Сон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни