Поврзете се со нас

Европски првенства

Разочараниот Шранц: За ова ќе жалиме до крајот на нашите животи

Објавено

на

foto:x.com/CBSSportsGolazo

Словачка беше на чекор од сензација во пресметката со Англија, но фаворитот во самата завршница, последните секунди успеа да даде атрактивен гол преку Џуд Белингам за 1-1 и да го одведе мечот во продолженија во кои Хари Кејн стрелаше уште еднаш што беше доволно да се дојде до конечна победа и место во наредната фаза на Европското првенство.

Атракција на Белингам во „последен час“, Англија со два шута до четвртфинале на ЕП (ВИДЕО)

Ова дефинитивно е болен пораз за Словаците кои одиграа организирано, борбено, постојано знаеја што сакаат, како да се одбранат од противникот, ама малото невнимание во финишот им зададе удар од кој не закрепнаа и на крајот мораа да го завршат настапот на шампионатот.

-Ова ми беше трет гол на ЕП, ама зошто? Можеше да биде прекрасно, убаво, но загубивме во последните моменти. Сепак, немаме за што да се лутиме. Ќе закрепнеме, но може и да жалиме за пропуштената шанса до крајот на животот. Можеби никогаш повеќе нема да добиеме ваква шанса, да испишеме историја. Мислам дека ќе ни треба долго време да го надминеме ова, -порача стрелецот на голот Иван Шранц.

Кејн со големи комплименти: Белингам е најдобриот фудбалер во историјата на Англија

Невил и Рајт полудеа по „ножичките“ на Белингам, Кин остана „мртов-ладен“ (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни