Разочараниот Прокоп откри кој беше планот на Германија во последниот напад

Фото: Филип Вирановски / РФМФото: Филип Вирановски / РФМ

Европскиот шампион Германија се надоврза во феноменалната низа на македонската репрезентација на ова Европско првенство и не успеа да слави во дуелот во кој влезе како апсолутен фаворит, а причина за тоа секако е феноменалната игра на нашите ракометари, а исто така и брилијантната тактичка поставеност за која задолжен е селекторот Раул Гонзалес.

Шпанскиот стручњак имаше спектакуларна замисла за последниот напад и само лудата интервенција на Хајневетер спречи гол на Столе Стоилов и сензационална победа на Македонија, а добро во целата оваа ситуација беше и тоа што последниот напад на Германците не заврши онака како што тие замислуваа.

Прокоп повика тајмаут по одбраната на неговиот голман и се обиде на своите ракометари да им ја нацрта завршната акција, а по натпреварот, откри дека дијагоналата кон крило на Грецки не било она што тие се договориле. Германскиот селектор обелоденува дека имал три опции, но ниту една од тие не била Грецки да ја завршува акцијата.

– Не сум баш задоволен по крајот на мечот. Секако дека бевме среќни кога Хајневетер го одбрани нивниот последен обид и ни даде шанса, но на крајот пристапивме многу недисциплинирано. Планот беше да знаеме точно што ќе правиме. Требаше или да шутне бекот, или да одиме на пикер, или во краен случај да се додаде до Генсхајмер кој имаше добра рака цел меч. Дијагоналниот пас дефинитивно беше најлошата опција, а всушност не требаше да биде воопшто опција, – порачува германскиот селектор чиј план не беше спроведен на дело благодарение и на феноменалната поставеност на нашите ракометари.

Facebook Коментари