Поврзете се со нас

Шпанија

Разочараниот Педри им испрати порака на фановите на Барса (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Педри навистина нема среќа со физичките проблеми и по шести пат заработи мускулна повреда во последните две години, а тоа го натера вчера со солзи во очите да го напушти теренот и да понуди трогателни сцени на клупата за резерви.

Разочараниот Педри не можеше да се помири што трет пат оваа сезона ќе мора да направи пауза поради сличен проблем, па откако Барселона денеска информираше дека ќе паузира неколку недели, офанзивниот играч за врска почувствува потреба да им се обрати на фановите.

Младиот Педри добива многу поддршка од јавноста и фановите со оглед на фудбалскиот потенцијал со кој располага, а сега самиот порача дека вчерашните солзи набрзо ќе бидат заборавени и дека ќе даде се од себе да се врати што побрзо.

– Навистина е тешко да се направи нова пауза и да почнеш се од почеток после сите напори и работата која ја оставив зад себе. И покрај тоа, немој да се сомневате дека солзите кои вчера беа од немоќ, набрзо ќе бидат солзи произлезени од радост.

– Неверојатна е цела љубов која ја добивам во последните неколку часа. За вас, за стручниот штаб, за сите кои ме опкружуваат и за сам себе ќе продолжам да гледам напред. Пред нас се многу добри работи за споделување, – порача Педри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни