Разочараниот Надал го издвои најголемиот квалитет на Федерер: Никој друг тенисер не го може тоа

nadal-fed-wim

Рафаел Надал втора година по ред како краен дострел го има полуфиналето на Вимблдон, бидејќи денеска свесткиот рекет број два загуби од својот вечен ривал Рожер Федерер во полуфиналниот класик на кој сведочевме во Ол Ингалд клубот.

Шпанскиот тенисер пред една година загуби во вистинска драма од Новак Ѓоковиќ, а овојпат подобар од спротивната страна беше Федерер кој и натаму игра фасцинантен тенис и покрај тоа што за неполн месец ќе наполни 38 години. Швајцарецот ја оствари својата 101-ва победа на Вимблдон со триумфот од 3:1 во сетови, а истовремено постави рекорд кој тешко дека некој ќе го урне во скоро време.

Федерер го мина Горан Иванишевиќ на вечната листа на најмногу отсервирани асови на грен слем турнирот во Лондон, па повеќе од јасно е дека во финалето со Ѓоковиќ само ќе може да го надополни и подобри својот рекорд.

Токму добриот сервис и фантастичниот ритерн беа двете главни оружја на Федерер во победата над Рафа, кој пак по крајот на мечот не го криеше разочарувањето што повторно испушти голема шанса да се најде на завршниот меч на Вимблдон.

– Не сум задоволен и горд на мечот што го изиграв, не бев доволно добар за да победам. Пропуштив голема шанса да бидам во ново финале на грен слем. Федерер сервираше подобро од мене, почнав да играм подобро на крајот на мечот, но веќе беше доцна. Добро го читаше мојот сервис и тоа направи да се чувствувам непријатно. Вакви шанси нема да траат вечно, а јас пропуштив една минатата година и сега втора, – порача Надал кој му честиташе на Рожер, притоа издвојувајќи го неговиот најголем квалитет.

– Играше фантастично и му честитам. Секогаш прави тешките работи да изгледаат лесно. Се движи на теренот на начин кој импресионира. Секогаш е внатре во теренот и не ви дава шанса да направите притисок. Се движи на теренот подобро од било кој друг тенисер, никој друг не го може тоа, – заклучи поразениот Рафа.

Facebook Коментари