Поврзете се со нас

Италија

Разочараниот Кеан се врати во Италија по шокантниот епилог на неговото патување во Мадрид

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Моисе Кеан беше многу блиску повторно да му стане соиграч на Алваро Мората, но неговиот заем од Јувентус во Атлетико Мадрид пропадна во последен момент.

Во последен момент Атлетико се откажа од Италијанецот кој веќе беше во Мадрид за да го потпише договорот, по што Кеан доцна синоќа се врати во Торино.

Проблемот настанал поради проценката на лекарскиот тим на Атлетико, кој по вообичаените прегледи излегол со прогноза дека напаѓачот ќе може да се врати на терените во март.

Шпанскиот клуб планирал да го вметне Кеан во составот на Диего Симеоне веќе во февруари, како што биле прогнозите не лекарскиот тим на Јувентус, па во Атлетико решиле дека не им е потребен фудбалер кој ќе биде надвор од терените уште еден месец.

Јувентус требаше да добие половина милион евра за заемот на Кеан, но сега тој ќе ја продолжи рехабилитацијата во Торино и ќе се надева на минутажа од Макс Алегри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни