Поврзете се со нас

Европски првенства

Разочараниот Де Јонг се огласи по веста дека ќе го пропушти ЕП

Објавено

на

foto:x.com/DeJongFrenkie21

Фудбалерот на Барселона, Френки Де Јонг нема да биде дел од составот на Холандија за престојното Европско првенство во Германија.

Де Јонг веќе некое време влече повреда на зглобот, но постоеше оптимизам дека ќе закрепне навреме и ќе може да им помогне на „лалињата“ на ЕП и токму затоа се најде меѓу одбраните на селекторот Роналд Куман. Меѓутоа играчот од средината на теренот се уште има проблеми, не е докрај фит и токму поради ова ќе го скокне собирот на најдобрите селекции на стариот континент.

Де Јонг остана без ЕП на четири дена пред почетокот на турнирот

-Тажен сум и разочаран што нема да се играм на Европското првенство. Направивме многу во изминатите неколку недели, но на мојот зглоб му треба повеќе време за жал. Сон и најголема чест е да се претставува нашата земја на завршен турнир.

-Да се носи портокаловиот дрес, да се пее химната чувствувајќи ја поддршката од целата земја. Ама сега, како и целата портокалова легија, ќе навивам за нашиот тим од страна. Ајде одиме, момци, -порача Френки на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни