Свет
Разочараниот Червар: Ќе кажам само една реченица

Лино Червар го поднесе својот извештај до Управниот одбор на Хрватската ракометна Федерација и со истиот му беше врачен отказ на Хрвоје Хорват, но покрај тоа што беше назначен нов предводник на најсилниот тим, вонредниот состанок донесе и една сосема неочекувана одлука.
Управниот одбор ја укина позицијата координатор во репрезентацијата на Хрватска и со тоа стана јасно дека Лино Червар добива отказ и повеќе нема да има работа во ракометот во својата земја, па во иднина задолжени за најважните одлуки ќе бидат тројца луѓе.
Борис Месариќ ќе биде задолжен за соработка меѓу хрватскиот Олимписки одобор и спортските институции, Крешимир Просоли ќе биде задолжен за маркетинг, додека Зоран Гобац ќе биде задолжен за развојот на машкиот ракомет и фактички тој е директна замена за Червар.
Лино заминува во историјата и хрватските новинари откриваат дека воопшто не бил задоволен и импресиониран од донесената одлука, по што дал само кратка изјава во телефонски разговор за „Спортске новости“.
– Не е вистински момент да се зборува веднаш. Ќе кажам само една реченица: Најзадоволен и најсреќен е Зоран Гобац. Ќе дојде време кога ќе се зборува повеќе за ова, – изјавил Лино.
Покрај заминувањето на Червар и досегашниот тренер Хорват, најважна вест од денешниот состанок е дека нов селектор на Хрватска е Горан Перковац.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……