Поврзете се со нас

Италија

Различен менталитет: Борбениот Киеза и мрзливиот Рабио ја потврдија тезата на Алегри (Видео)

Објавено

на

Јувентус немал толку лош старт на првенството неколку децении, а по последната неуспешна сезона, дури и искусниот Макс Алегри има проблеми да ги разбуди „бјанконерите“.

Во своите изјави изминатиот период, тренерот на Јувентус се обидуваше да ги лоцира проблемите поврзани пред се со менталитетот, пожртвуваноста од почеток до крај на средбите и присебноста за време на клучните моменти, но составот од Торино и вчера едвај ја победи Специја.

Тоа е само прв триумф сезонава во Серија А, а на социјалните мрежи се истакнува еден момент кој го потврдува ставот на Алегри дека фудбалерите во одредени моменти не покажуваат глад за фудбал.

Се работи за акцијата по која Јувентус успеа да израмни со голот на Федерико Киеза, кој самиот успеа да му ја одземе топката на Верде, да почне акција, која на крајот ја заврши со реализација. Од друга страна, на иста оддалеченост од Верде се наоѓа и Адриен Рабио кој воопшто не ни помисли да прави притисок на топката и противникот.

Французинот остана гледач и во продолжението од акцијата, па навивачите веднаш го протолкуваа како мрзлив фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни