Европски купови
Разиграниот Шортс го одведе Бон на завршниот турнир во Лигата на шампионите

Екипата на Талеком Бон предводен од македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс обезбеди место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Бундеслигашот ја доби „мајсторската“ со Стразбур со 83-77 и ќе има можност да се бори за титулата во ова натпреварување. Францускиот тим пружи силен отпор на овој меч, но домаќините со одлична игра во последниот период и со помош на поддршката од публиката успеа да ја преземе контролата, дојде до триумф, односно ја затвори оваа серија со 2-1.
Шортс беше играч број еден со 24 поени, 1 скок, 6 асистенции и 2 украдени топки, најголема поддршка му беше Хокинс со 15 кошеви.
Противник на Бон во полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката меѓу Хапоел Ерусалим и АЕК.
Досега место на Ф4 има обезбедно и шпанска Уникаха.
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 19 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)