Поврзете се со нас

Македонија

Разиграниот Работнички ги скроти „лавовите“ од Ѓорче, четири тима го делат првото место во ПМФЛ

Објавено

на

Работнички го продолжи одличниот старт на сезоната со нова победа во Првата македонска фудбалска лига, истата остварена во градската дерби пресметка со Македонија.

Избраниците на Влахо покажаа карактер на незгодното гостување во Ѓорче Петров и освоија три важни бода благодарение на извонредното второ полувреме, во кое постигнаа два гола, но изнудија и црвен картон од противникот.

Стојкоски погоди за 0:1 по одличниот продор на Тантуровски на стартот на вториот дел, по што следеше исклучување за Младеновски од домашниот тим.

Работите станаа многу полесни за гостите со ваков распоред на силите, па младиот Лука Станковски во финишот погоди за 0:2 и потврда на пбоедата на „роматичарите“.

Работнички е на делба на првото место со дури четири екипи на врвот на табелата (14 бодови), бидејќи Шкупи и Ренова денеска остварија победи, а Академија Пандев ремизираше.

Шкупи рутински славеше со Борец со 3:0, Ренова минимално победи против Струга 1:0, додека Академија Пандев одигра без голови против Пелистер. На другите стадиони, Шкендија како гостин го победи Скопје 0:2, а Брегалница славеше над Тиквеш со 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни