Поврзете се со нас

Евролига

Разиграниот Миротиќ е МВП, Хезоња го има најмоќниот потег на колото (ВИДЕО)

Објавено

на

Зад нас е уште едно коло во Евролигата, коло кое дефинитивно беше одбележано со победата на Барселона над вечниот ривал Реал Мадрид (93-80) во „Палау Блауграна“.

Токму на тој меч Никола Миротиќ беше фантастичен, незадржлив, даде 31 поен, собра 10 скока, запиша 1 асистенција, изнуди 9 фаули и со вкупно 39 индексни поени сосема заслужено го доби приматот за најкорисен играч.

Ова за Црногорецот со шпански пасош е осмо признание МВП или второ во оваа кампања.

Кога е во прашање пак најдобриот потег тој е дело на членот на Уникс Казан, Марио Хезоња кој заедно со Лоренцо Браун реализираа атрактивен цепелин против Макаби во Телавив.

Уживајте во оваа и останатите топ мајстории.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни