Поврзете се со нас

Франција

Разиграниот Мбапе со хет-трик го однесе ПСЖ на првото место во Лига1 (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Екипата на Пари Сен Жермен влезе во посакуваниот ритам во Лига 1 каде вечерва дојде до нова победа со која ја презема лидерската позиција на табелата.

Тримфот на „светците“ над Ремс од 3-0 беше доволен за клубот од Париз да ја мине Ница и на пауза замине како лидер во францускиот шампионат по 12 одиграни кола.

Херој на ПСЖ беше Килијан Мбапе кој „испука“ хет-трик, односно по атрактивниот гол во 3 минута следуваа уште два во второто полувреме и тоа во 59 минута и во 82 минута.

Со ова Килијан дојде до бројката од 13 погодоци во домашниот шампионат. ПСЖ има 27 поени, еден повеќе од второпласираната Ница (26).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни