Поврзете се со нас

НБА

Разиграниот Лилард испиша историја со Милвоки, Бостон го доби дербито на Истокот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: www.ctvnews.ca

Екипата на Милвоки Бакс предводена од Дејмиен Лилард славеше над Торонто Репторс со 128:112 во соочувањето во Канада.

Јанис Адетокумбо не настапи за Бакси на овој дуел, па најголемиот товар падна врз Лилард кој блескаше и испиша историја во дресот на новата екипа. Тој уфрли 37 поени, но имаше и 35 кошеви од асистенции (13) со што стана првиот играч на Милвоки кој имал ваков учинок (поени/асистенции).

Најголема поддршка му беше Бизли со 30 поени, додека Портис уфрли 18 кошеви.

Бостон пак славеше во дербито на Истокот против Филаделфија со 117:107. Гостите не можеа да сметаат на неколку членови од почетната петорка како Браун и Порзингис, ама тоа не беше проблем да се надигра противникот и да се добијат три од четирите четвртини.

Тејтум со 29 и Вајт со 27 поени беа во прв план, двоцифрени беа уште Хорфорд и Холидеј. Кај поразените Макси и Ембид искомбинираа само 40 поени што за нивни стандардни е премалку и тука може да се бара причината за негативниот резултат.

РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Далас 117-130
Атланта – Њујорк 114-116
Филаделфија – Бостон 107-117
Торонто – Милвоки 112-128
Чикаго – Орландо 94-96
Феникс – Минесота 133-115
ЛА Лејкерс – Сакраменто 110-125
Портланд – Кливленд 95-109

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни