Разиграниот Ѓуроски му донесе победа на Евро

stole

Тимот на Евро ја прекина лошата резултатска низа и славеше над Руен со 92-87, а за тоа најголема заслуга има македонскиот репрезентативец, Стојан Ѓуроски.

Ѓуроски беше најдобар играч на средбата со 20 кошеви, 4 скокови, 5 асистенции или севкупно собра 23 индексни поени со што беше број еден во оваа категорија. Освен Столе уште уште пет играчи на домаќините уфрлија 11 или повеќе поени што беше доволно за Евро да стави крај на серијата од три порази.

Екипата на нашиот ас по 16 кола има учинок од 6 победи и 10 порази со што е на 15 место на табелата.

Facebook Коментари