Свет
Разиграниот Ѓорѓев со свој печат во импресивната победа на Арау

Никола Ѓорѓев не застанува и одигра уште еден импресивен меч за Арау кој пак продолжи да победува во втората швајцарска лига и со тоа да најавува атак на најсилната фудбалска конкуренција во оваа сезона.
Арау како гостин славеше над Лозана Уши со 4-2 во дуел во кој по првиот дел имаше негатива од 2-0. Меѓу оние кои донесоа пресврт беше токму македонскиот интернационалец кој даде гол и забележа асистенција при погодокот на Туре во 67 минута.
Со ова блескано издание Ѓорѓев дојде до учинок од 6 гола и 6 асистенции во шампионатот со тоа што мора да се потенцира дека 3 погодоци и 2 асистенции беа реализирани во овој втор дел од првенството, поточно во претходните три рунди.
Со вкупно 38 бода Арау е на второто место на табелата со еден поен минус во однос на лидерот Тун со кого ќе се соочи веќе во наредната рунда на 14 февруари,
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)