Поврзете се со нас

Одбојка

Разиграниот Ѓоргиев донесе титула за АЦХ Љубљана во МЕВЗА лигата

Објавено

на

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓоргиев со својата АЦХ Волеј Љубљана триумфираше во МЕВЗА лигата.

Составот од Словенија во големото финале на ова натпреварување кое е и познато под името Централно Европската лига славеше над ХАОК Младост (Хрватска) со 3-1 во сетови. Со ова составот од Љубљана го одбрани трофејот, трофеј број 12 во оваа конкуренција, пехар во која клучна улога имаше македонскиот репрезентативец.

Имено Никола беше разигран и беше прв поентер со 23 поени. Токму Ѓоргиев ја носеше екипата на АЦХ Волеј која ја заокружи оваа приказна со 25-14, 20-25, 25-22 и 25-14.

-Знаевме дека секое финале е тешко. Бевме свесни за улогата на фаворит, бидејќи немавме пораз во регуларниот дел од првенството. Екипата на Младост на завршниот турнир дојде одморена и без притисок да одигра како што знае. Поради тоа беше уште потешко да се игра против неоптоварен ривал, но нашиот тимски дух и менталитетот што го негуваме во тимот повторно дојде до израз.

-Многу сум горд што сум капитен на овие луѓе кои се и големите играчи. Честитки за целата организација на играчите на АЦХ Волеј Љубљана, до стручниот штав, медиумите и раководството. Се надевам дека ова не е нашата последна титула оваа сезона, -порача Ѓоргиев по победата на завршниот турнир кој се одржа во Блајбург (Австрија).

Сега за Македонецот и останатите колеги следи нов голем предизвик, пресметка против Нарбон во Челинџ Купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни