Разиграниот Дортмунд со супер партија ја најави пресметката со ПСЖ (ВИДЕО)

haland-sanco

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го положија последниот испит пред осминафиналниот меч со Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

„Милионерите“ на вечерашниот натпревар од 22. рунда во Бундеслигата славеа над Ајнтрахт Франфурт со убедливи 4-0. Домашниот состав доминираше од почетокот до крајот и сосема заслужено дојдео до 12 сезонски триумф со кој барем до утре ќе биде на втората позиција на табелата.

Првиот дел го реши Пишчек со голот во 33 минута, додека во второто полувреме се тргна од Санчо во 50 минута за да потоа се надоврзат Халанд и Гереиро за конечни 4-0.

Facebook Коментари