Поврзете се со нас

Шпанија

Разиграниот Бетис и зема мерка на Севилја во големото андалузиско дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Составот на Бетис излезе како победник (2-1) од аналузиското дерби со Севилја кое вечерва се одигра на „Бенито Вилјамарин“.

Избраниците на Пелегрини потврдија дека се во одличен ритам и форма, па против лутиот ривал ја забележаа шестата победа во низа во Ла Лига и со тоа најавија жестока борба за позициите кои водат во Лигата на шампионите во наредната кампања.

Бетис долго време чекаше на лигашки триумф против Севилја и тоа од 2018 година кога славеа со 1-0 со голот на легендата Хоакин.

Севилја го задада првиот удар на натпреварот и поведе преку Варгас во 17 минута, меѓутоа за брзо време стигна одговорот од домашните фудбалери преку Кардосо во 25 минута.

Во судиското продолжение на првиот дел Иско испрати топка до Кучо Ернандес кој биеше прецизно за комплетен пресврт кој на крајот се покажа и како доволен за освојување на целиот плен.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни