Поврзете се со нас

Европски првенства

Разиграната Шведска ја суреди Португалија

Објавено

на

foto:twitter.com/EHFEURO

Селекцијата на Шведска ја оправда улогата на фаворит и славеше над Португалија со 40:33 на средбата што се одигра во Хамбург, а ја судеа нашите арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Скандинавците во претходната рунда го загубија дербито со Данска и токму поради тоа овој триумф им беше повеќе од потребен кон остварување на целта, пласман во самата завршница на шампионатот.

На полувреме Швеѓаните имаа плус четири (19-15), па водени од таа енергија немаа проблеми во продолжението да ја сочуваат предноста, да ја контролираат играта и резултатот.

Најпрецизен во кај победникот беше Пелас со десет голови, додека Коста даде осум за поразената селекција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни