Поврзете се со нас

Италија

Разиграната Рома не знае за пораз: Соуле обезбеди нова победа за Раниери (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ASRomaEN

Клаудио Раниери извлече максимум од забревтаната „волчица“ и направи Рома да дојде во ситуација да се бори за излез во Европа, и тоа со импресивна серија на резултати која трае речиси три месеци.

Рома последниот пораз во Серија А го претрпе од Комо на 15-ти декември, а оттогаш поминаа речиси три месеци во кои тимот од престолнината не беше надигран од ниту еден ривал.

Серијата на непоразен тим продолжи и вечерва во рамките од 28-то коло во Калчото, по кое стана јасно дека Рома навистина е сериозна во намерите да се бори за место во некое европско натпреварување.

На денешниот натпревар против Емполи, Рома беше подобар од почеток до крај, а клучниот момент се случи многу рано, или поточно во 1-та минута.

Матијас Соуле доби топка и успеа прецизно да бие во мрежата на домаќините, па по 22 секунди игра имавме промена на резултатот, кој интересно на крајот се покажа и како конечен на оваа средба.

Рома сега е во серија од пет победи во низа во домашното првенство, па моментално е на четири бода од местата кои гарантираат излез во Европа наредната сезона.

Голот на Соуле погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни