Поврзете се со нас

ВТА

Разиграната Лина ја освои првата титула во Италија, утре ќе го нападне и трофејот во сингл конкуренција!

Објавено

на

Откако претходно обезбеди финале на турнирот во сингл конкуренција, Лина Ѓорческа потврди дека игра извонредно добро оваа седмица во Италија, па веќе денеска се закити со првата титула на ИТФ фјучерсот во Санта Маргерита ди Пула.

Најдобрата македонска тенисерка и нејзината партнерка Ева Ведер славеа во големото финале во игра на двојки кое се одигра ова приквечерје и на тој начин ја оправдаа улогата на први фаворитки.

Најдобрите носители не оставија ништо на случајноста и без предизвикани само во првиот сет кој го добија со 7:5, а потоа со сигурни 6:2 ја заверија победата против хрватската двојка Тена Лукас и Леа Бошковиќ.

Интересно, Лина во поединечна конкуренција во денешното полуфинале на драматичен начин ја совлада Хрватката Тена Лукас, па на тој начин во финалето се избори за втора победа над истата тенисерка.

Во утрешното финале во синг конкуренција, противничка ќе и биде нејзината партнерка, Холанѓанката Еве Ведер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни