Поврзете се со нас

Англија

Раздвижено во Манчестер Јунајтед: Пазари во ПСЖ, а продава во Наполи

Објавено

на

Манчестер Јунајтед деновиве ќе комплетира уште едно скапо засилување. Мануел Угарте наскоро ќе стане нов фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед конечно постигна договор со челниците на ПСЖ околу отштетата што треба да ја плати за уругвајскиот репрезентативец. Угарте ќе се пресели во Англија за 60 милиони евра. Но поточно не се одеднаш. Првиот дел од 50 милиони евра ќе биде исплатен веднаш, додека останатите десет парижани ќе добијат преку бонуси.

Угарте доаѓа во Јунајтед како голема желба на Ерик Тен Хаг и раководството на англискиот клуб по само една сезона одиграна во ПСЖ.

Што се однесува до финансиите, ПСЖ нема да изгуби и да добие ништо, бидејќи за Уругваецот кога дојде од Бенфика платија 60 милиони.

Од друга страна, Јунајтед ќе има мала копмензација, откако се поизвесно е дека Скот Мектомини ќе се пресели во Наполи. Шкотскиот репрезентативец ги договорил условите со италијанскиот клуб, а се чини дека Наполи испегла се поврзано со обештетувањето.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни