Поврзете се со нас

Англија

Раздвижено на „Емирејтс“: Артета задржа двајца фудбалери за следните сезони, Луиз ќе продолжи, а еден играч заминува

Објавено

на

Микел Артета напорно работи на составување на тимот кој ќе го понесе товарот со настапи следната сезона.

Станува јасно дека оваа сезона веќе е загубена за „топчиите“, па младиот стратег полека ќе може да се фокусира на следната сезона.

„Топчиите“ ќе го ангажираат Пабло Мари на перманентна основа и за него на Фламенго ќе му платат 15 милиони евра, а во клубот четиригодишен договор ќе потпише и Седрик Соареш кој не се изнаигра многу по неговото доаѓање од Саутемптон.

Она што ги зачуди фановите е тоа што сепак е одлучено Давид Луиз да добие нов едногодишен договор со кој ќе остане во клубот и следната сезона.

Бразилецот имаше катастрофална партија против Манчестер Сити, а претходно побара да биде продаден во Бенфика, клуб кој не го прифати играчот затоа што имал големи финансиски барања.

Артета дал согласност да се продаде младиот Матео Гендузи кој беше во центарот на вниманието изминатиот период по неспортскиот потег по крајот на средбата со Брајтон. Гендузи го фати за врат противничкиот играч, Нил Мопеј, а тоа го налутило Артета кој ќе го стави младиот фудбалер на трансфер листа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни