Германија
Разделбата е се поверојатна: Левандовски се збогуваше со фановите на Баерн (Видео)

Роберт Левандовски конечно јавно се огласи за својата иднина и отворено призна дека сака да направи трансфсер од Баерн Минхен, па сега останува клубот да му ја исполни желбата и да пронајде договор кој ќе ги задоволи двете страни.
Баварскиот великан и натаму останува на првичниот став дека Полјакот не е на продажба и очекува од напаѓачот да го доврши договорот кој истекува наредната година, но по последната изјава на Леви, мали се шансите дека ќе се случи тоа.
Во вакви ситуации, нема никаква логика да се задржува фудбалер кој не се гледа себеси во проектот на клубот, па челниците на Баерн се ставени во многу неповолна ситуација, која доста брзо се очекува да добие разрешница.
Левандовски самостојно изјави дека се надева на епилог кој ќе ги задоволи сите страни, а откако најави дека го одиграл последниот натпревар за Баерн, тој не пропушти да се збогува со навивачите кои му беа ветер во грб толку многу години.
Полјакот емотивно се збогуваше со нив по мечот со Волфсбург, а дали тоа ќе биде неговиот последен поздрав кон нив ќе покаже само времето.
Lewandowski saying goodbye? 🥺 pic.twitter.com/0maI9nNAjg
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2022
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 24 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 21 час
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место