Поврзете се со нас

Франција

Раванели вети големо име во Марсеј ако биде назначен за спортски директор

Објавено

на

Францускиот прволигаш Олимпик Марсеј е во потрага по нов спортски директор, наследник на Андони Зибузарета, позиција за која сега отворено се понуди Фабрицио Раванели.

Легендарниот Раванели е подготвен да се испроба во оваа улога, па дури и вети дека ќе се обиде да го донесе Гонзало Игуаин на „Велодром“.

-Зошто да не дојде? Не знам. Може да биде значаен играч за Марсеј во ЛШ. Постои можност да го напушти Јувентус. Има 32 години и има можност да дојде на позајмица, -вели Раванели и додава:

-Убеден сум дека можам да потпишам играчи кои ќе ја фатат фантазијата на „Велодром“. И покрај тоа што не сум бил спортски директор, имам многу контакти во многу големи клубови. И ако ОМ нема пари да потпише играчи, зошто Фабрицио со заеми не би можел да донесе важни играчи во Марсеј, -заклучува Фабрицио кој како играч мина две години во овој клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни