Поврзете се со нас

Италија

Раванели: Киеза мора да го промени однесувањето на теренот

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Фабрицио Раванели го привлече вниманието со последното интервју, а во него зборувал на повеќе теми поврзани со италијанскиот фудбал.

Покрај комплиментите за шампионската генерација на Наполи од минатата сезона и актуелниот тим на Интер, кој се чини дека е најблиску до скудетото, екс италијанскиот напаѓач се навратил и на ситуацијата во својот поранешен клуб Јувентус.

– По поразот од Интер, Јувентус се стопи како снег на сонце. ДНК-та на Јуве требаше да излезе во прв план по поразот на дербито, но наместо тоа, тие се откажаа, – вели Раванели, кој испратил и сериозна критика на адреса на Федерико Киеза.

– Го обожувам Киеза, не можам да го замислам Јувентус без него во составот.

– Но, тој мора да го промени однесувањето на теренот, мора да биде потрпелив и поконцентриран. Кога изведуваш слободен удар или корнер во последните минути и посебно кога бркаш резултат, не можеш да одиш кон топката поспоро од осумгодишно момче. Мора да демонстрираш желба и страст. Федерико, те сакам и сакам да останеш во Јувентус, но мора да го промениш однесувањето, – му порачал Раванели на крилниот напаѓач на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни