Раванели: Кејн е комплетен напаѓач, но Игуаин има една предност

Hari-Kejn-rekord

Поранешниот напаѓач на Јувентус Фабрицио Раванели зборуваше за претстојниот дуел во Лигата на шампиони меѓу „старата дама“ и Тотенхем во интервју за „Кориере дела Сера“.

49-годишниот поранешен италијански репрезентативец, меѓу другото, направи и споредба меѓу напаѓачите на двата тима, Гонзало Игуаин од Јувентус и Хари Кејн од Тотенхем.

– Англичанецот е вистински шампион и комплетен играч. Тој е многу добар и го крева нивото на целиот тим, но можеби може да ја подобри играта со глава. Според мене, Игуаин е сè уште подобар играч. Во моментов, тој е фундаментален дел од играта на Јувентус. Тој засега е поопасен играч во противничкиот шеснаесетник, иако и двајцата се одлични напаѓачи – вели Раванели.

Facebook Коментари