Поврзете се со нас

Италија

Раванели го нападна Алегри: Тренер на Јувентус не смее да даде таква изјава

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус вчера направи пресврт против Аталанта и со блесок во четири минути стигна до посакуван резултат, но радоста кај домашните фанови траеше доста кратко, бидејќи Копмајнерс со својот втор гол ги постави конечните 2:2.

Со ова реми, Јувентус го препушти второто место на Милан и потврди дека е во кризен период, а во ситуација кога веќе не се зборува за шампионската трка, Алегри уште еднаш нагласи дека цел број еден за „старата дама“ останува топ четири пласманот.

Гледајќи ја добрата страна од дербито со Аталанта, Алегри посочи дека одлична вест за Јувентус е што добил бод плус во однос на Болоња која изминатово коло загуби од Интер, а оваа негова изјава го разлути легендарниот Фабрицио Раванели.

– Тренер на Јувентус не смее да даде таква изјава во јавноса. Макс направи грешка со зборовите кои ги употреби, не смее да каже дека Јувентус заработил бод во однос на Болоња.

– Не самошто не треба да го кажува тоа во јавноста, не смее да пренесе таква порака и во соблекувалната. Без оглед на ова, веќе во неколку наврати порачав дека сум задоволен од неговата работа и остварените резултати. Но, како тренер на Јувентус, не смее да си дозволи вакви изјави, – порачува Раванели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни