Раул влече потези: Познати две засилувања на ПСЖ за следната сезона

raul gonzales vs metalurg 2017

Актуелниот македонски селектор и тренер на Вардар, Раул Гонзалес, веќе потврди дека од следната сезона ќе го води францускиот првак ПСЖ, а во тек е и планирањето на екипата која шпанскиот стручњак ја бара од клупското раководство.

Веќе е јасно дека Париз го напуштаат Хенрик Мелгард и Јеспер Нилсен, а од денеска се познати и имињата на ракометарите кои следната сезона ќе ги пополнат нивните места во дресот на ПСЖ.

Се работи за двајца искусни ракометари, а првиот е шпанскиот репрезентативец Виран Морос кој е член на Барселона од 2011 година и ги освои сите трофеи со оваа екипа. Засилување за францускиот тим ќе биде и данскиот репрезентативец Хенрик Тофт Хансен кој го напушта Флензбург и потпишал двегодишен договор со новиот клуб. Интересно е што Раул еднаш веќе се обиде да обезбеди соработка со Тофт Хансен во 2015 година кога банкротираше Хамбург, но тогаш Данецот реши да остане во Германија.

Facebook Коментари