Поврзете се со нас

Шпанија

Раул потврди дека Реал продал свој млад талент на Валенсија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/lafabricacrm

Раул Гонзалес веќе некое време работи во Реал Мадрид Кастилја и е задолжен за работа во вториот тим на „кралевите“, а како човек со важен статус, сега ги потврди шпекулациите на шпанските новинари околу трансферот кој го договараат Реал и Валенсија.

Легендарниот голгетер на „кралскиот клуб“ потврди дека до крајот на сезоната нема да може да смета на еден од своите стандардни играчи во првиот тим, бидејќи Реал Мадрид се согласил да му ја исполни желбата на Питер Федерико Гонзалес.

Станува збор за 21-годишен играч кој веќе дебитираше во Ла Лига за првиот тим на Реал, но бидејќи се уште важеше за играч на вториот тим, реши својата кариера да ја гради на друго место.

Валенсија е тим исполнет со многу млади играчи и Рубен Бараха изминатава година промовираше во првотимци голем број фудбалери од школата на Валенсија, па 21-годишното крило ќе биде единствено негово засилување за вториот дел од сезоната.

– Ситуацијата на Федерико е веќе решена, постигнат е договор за негов трансфер. Прашање е на време кога се ќе биде завршено, недостасува само да се потпишат договорите. Му посакуваме се најдобро, тоа е момче кое имаше значаен придонес и кое порасна со нас. Тој сакаше да си оди уште изминатово лето, па може да му посакаме само многу среќа во новата авантура, – изјави Раул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни