Лига на шампиони
Раул откри неверојатна анегдота: Дадов гол во финалето на ЛШ со „мртов“ прст! (Видео)
Деветтата титула која ја освои Реал Мадрид во Лигата на шампионите секогаш посебно ќе се памети по нестварниот гол кој го постигна Зинедин Зидан, погодок кој речиси и 20 години подоцна подлежи и многу фудбалски анализи со оглед на тежината на ударот и неприродната поставеност на Французинот.
Ремек-делото на Зизу вечно ќе остане во сеќавање на големите фанови на Реал Мадрид кои во 2002-ра година се радуваа на уште еден огромен успех во најелитното натпреварување, но од натпреварот кој се одигра во Глазгов, не треба да се заборави погодокот кој го постигна Раул Гонзалез.
Најдобриот напаѓач на „кралевите“ беше под знак прашалник за финалето поради повреда која ја заработи на претпоследниот тренинг, но на крајот настапи на истото и резултатот беше отворен токму со негов гол.
– Еден ден пред големото финале во Глазгов, Иван Кампо ме нагазна и на денот на финалето, не можев да ја облечам копачката, – открива Раул 18 години подоцна и додава.
– Му реков на докторот да направи се што е потребно за да играм. Понекогаш се случуваат такви работи во фудбалот. Еден час пред да се загрееме, докторот ми даде инјекција во прстот и со тоа ми го „умртви“ прстот. Поради тоа ја шутнав топката толку лошо. Дадов гол во финалето со „мртов“ прст, со „заспан“ прст. Тоа е навистина добра анегдота од тоа финале, – додава легендарниот голгетер на „кралевите“.
📆 #TalDíaComoHoy en 2⃣0⃣0⃣2⃣
El @realmadrid se impuso al Leverkusen con goles de @RaulGonzalez y Zidane, en Glasgow, para conquistar su novena Copa de Europa. #UCL pic.twitter.com/3Jc91ViUUp
— Liga de Campeones (@LigadeCampeones) May 15, 2020
-
Шпанија9 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
НБА10 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Лига Европа24 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Англија11 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони7 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони
-
Шпанија5 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)