Раул откри до кога планира да ја води македонската ракометна репрезентација

ehf nedela raul nametki 2017

Информацијата дека Раул Гонзалес ќе го напушти Вардар по крајот на актуелната сезона и го презема француски ПСЖ е топ тема на европската ракометна сцена, а истата е потврдена и од Вардар, но и од самиот Раул.

Во изјава за француски медиум, шпанскиот стручњак го навести новиот предизвик и преселбата во Париз.

– Среќен сум што ќе можам да го водам ПСЖ наредните сезони, но тоа е се што можам да кажам во моментов. Се уште го предводам Вардар, а исто така ги почитувам и ракометарите и актуелниот тренер на францускиот тим, па не би сакал да зборувам за други детали.

– Париз е убав град, но за мене приоритет е ракометот. Ме радува и квалитетот на француското првенство кое заедно со Бундеслигата важи за најдобро во Европа, – изјавил Раул.

Шпанецот вели дека ќе остане македонски селектор, а тоа секако е добра вест за македонските фанови.

– Планирам да ги комбинирам двете функции. Имам договор со македонската федерација до 2020 година и сакам да го испочитувам, – вели Гонзалес.

Facebook Коментари