Поврзете се со нас

Шпанија

Раул ја покажа својата фасцинантна колекција од дресови: Какви добри спомени… (Фото)

Објавено

на

Раул Гонзалес не е во можност да ги извршува своите стандардни задачи како тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид, но затоа сега одлучи да ги анимира фудбалските фанови со својата специјална колекција на дресови која ја има во домот во шпанската престолнина.

Гонзалес долги години беше капитен на Реал и важи за жива легенда на клубот од „Сантијаго Бернабеу“, па од тоа време од размената на дресови со светски познати имиња, има собрана колекција која навистина предизвикува воздишки.

Раул ја покажа истата на социјалните мрежи, а на сликата можат да се видат имиња како Бекам, Вилја, Силва, Бараха, Кафу, Инѕаги, Буфон, Баџо, Малдини, Де Ла Пења, Мичел, Кањизарес, Албелда, Пирес, Редондо, Ето, Батистута, Хоакин, Чави, Балак и многу други, а сликата ја наслови „какви добри спомени“…

 

View this post on Instagram

 

Que buenos recuerdos!!⚽️😍

A post shared by Raúl González (@raulgonzalez) on

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни