Шпанија
Раул има сериозна понуда од познат тим од Примера, Реал подготвен да го ослободи

Раул Гонзалес веќе неколку сезони одлично си ја врши работата во Реал Мадрид Кастилја и одлично се покажа во резервниот тим на „кралскиот клуб“, но сега пред себе има понуда која може да му донесе огромен скок во тренерската кариера.
Легендарниот напаѓач на Реал е дел од тренерските води веќе пет години и насобра искуство со млади фудбалери, меѓутоа ова може да се промени во најскоро можно време, а за тоа известуваат угледните шпански медиуми.
Раул Гонзалес добил примамлива и сериозна понуда од познат клуб од Ла Лига за да ја преземе улогата на шеф на стручниот штаб, а од друга страна, Реал Мадрид му ја отвора вратата за оваа возбудлива авантура во кариерата.
Станува збор за понуда од Вилјареал, клуб кој во текот на оваа недела изненадувачки го „шутна“ Кике Сетиен и најави дека наскоро ќе го објави името на новиот тренер.
„Марка“ тврди дека Раул е на врвот на листата на „жолтата подморница“, а исто така открива дека тренерот сериозно ја разгледува понудата и планира да ја прифати.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 6 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 6 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 10 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..