Поврзете се со нас

Шпанија

Раул и неговите играчи сведоци на нестварна ситуација: Две топки влегоа во мрежата, голот беше признат! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/lafabricacrm

Раул Гонзалес веќе подолго време го води вториот тим на Реал Мадрид и успешно ја врши оваа функција во четвртиот шпански ранг, но денеска тој и неговите играчи биле сведоци на нестварна ситуација на гостувањето кај Атлетико Балеарес.

Младите „кралеви“ победиле 0:1 со автоголот кој си го постигнал Вилјапалос во 72-та минута, меѓутоа овој погодок предизвика и огромна дебата во јавноста поради несекојдневен момент.

Имено, во моментите кога стоперот на Балеарес си ја вметнал топката во својата мрежа, од трибината била фрлена уште една топка на теренот, па и таа се одбила од несреќниот Вилјапалос во мрежата на неговиот голман.

Иако двете топки завршиле во голот, главниот судија на мечот решил дека погодокот е регуларен и дека нема нерегуларност во оваа ситуација, а тоа мислење го дели и експерот на „Марка“, Перез Бурул.

– Втората топка не влијаеше врз исходот на првата топка и затоа голот важи. Нема зошто да се дава внимание на топката која пристигна од трибината, – изјвил Бурул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни