Свет
Раул Гонзалес избран за тренер на сезоната во Франција
Поранешниот македонски селектор и тренер кој му ја донесе првата европска титула на Вардар, Раул Гонзалес, денеска доби ново вредно признание.
Шпанскиот стручњак кој ја освои втората шампионската титула по ред со ПСЖ, од своите колеги е прогласен за тренер на годината во француската прва лига.
Добитниците на наградите за најдобрите во француското првенство се објавени вечерва, а покрај Раул како тренер, од таборот на ПСЖ се наградени и Сагосен (среден бек), Коралес (голман), Ремили (десен бек) и Морос (дефанзивец).
Пранди и Санад од Ним, Деска од Монпелје и Турна од Нант се преостанатите ракометари кои добија место во идеалниот тим, а главното МВП признание му припадна на Сандер Сагосен.
Норвежанецот ја освои наградата поради игрите во дресот на ПСЖ, клубот со кој се разделува по три сезони и по кој се сели во редовите на Кил.
-
Англија23 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација14 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Светски првенства24 часа
Англија со нова победа без примен гол, прва радост за Албанија
-
Свет13 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 113 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)