Раул го одреди конечниот состав за пресметката со Словенија

raul sobir januari 2018

Од Загреб за „Дерби“
Александар Табаковски

Македонскиот селектор Раул Гонзалес вечерва ги потврди шеснаесетте ракометари кои ќе бидат во комбинација за отворањето на Европското првенство во Хрватска, на кое противник на Македонија е селекцијата на Словенија.

Шпанскиот стручњак реши на трибините да ги остави Гоце Ојлески, Веле Маркоски и голманот Златко Даскаловски, што значи дека Македонија ќе располага само со едно лево крило.

Состав на Македонија за дуелот со Словенија (сабота 19:30)

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски
Бекови: Кире Лазаров, Филип Миркуловски, Ацо Јоновски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Facebook Коментари